#BEACTIVEDAY2026

Проектот #BEACTIVE DAY 2026 е европска иницијатива во рамки на програмата Еразмус+ Спорт, насочена кон промоција на физичката активност и здравиот начин на живот. Како дел од Европската недела на спортот, проектот обединува партнери од повеќе земји со цел да мотивира што повеќе луѓе да бидат активни, почесто и подолго време.

Главниот фокус на изданието во 2026 година е менталното здравје, при што преку различни бесплатни настани и активности се нагласува позитивното влијание на физичката активност врз психофизичката благосостојба. Проектот ги поврзува фитнес и спортските организации, институции и заедници, создавајќи можности за вклучување на сите возрасни групи и градење поинклузивно и поздраво општество.

 

Преку локални и национални активности, #BEACTIVE DAY 2026 придонесува кон зголемување на свеста, учеството и капацитетите во секторот за физичка активност, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

👉 #BEACTIVEDAY 2026 е проект кофинансиран од Европската Унија, чија основна цел е да ја поттикне физичката активност, да ја зголеми свеста за значењето на здравиот начин на живот и да придонесе кон создавање поактивни, поинклузивни и поздрави заедници низ Европа.

Проектни активности

На 26 и 27 март, во конференциските простории на хотел Лимак во Скопје, се одржа дводневна проектна работилница во рамки на проектот #BEACTIVEDAY 2026 🇪🇺, која обедини релевантни чинители од фитнес и спортскиот сектор на европско и регионално ниво.

Во текот на првиот ден, учество зедоа над 35 претставници на национални фитнес асоцијации од повеќе европски земји, заедно со претставници на македонски и балкански фитнес центри, како и членки на НМА. Работилницата овозможи структурирана размена на знаења, искуства и добри практики, со посебен акцент на:

  • унапредување на регионалната и меѓународната соработка во секторот
  • развој на долгорочни стратегии за раст и одржливост на фитнес индустријата
  • јакнење на улогата на фитнес заедницата во промоција на здрави животни навики
Rabotilnica vo Skopje #beactiveday2026

Особено значаен сегмент од програмата беше предавањето на експертот по ментално здравје, реномираниот психолог Радмила Живановиќ. Преку комбинација од теоретски осврт и интерактивни пристапи, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења за влијанието на физичката активност врз менталното здравје, како и за нејзината улога во подобрување на квалитетот на животот и психофизичката благосостојба.

Вториот ден од проектната работилница беше фокусиран на интерна координација помеѓу партнерите од проектниот конзорциум. Во овој дел, детално се разгледаа претстојните активности, се дефинираа конкретни задачи и одговорности, како и се утврди временската рамка (timeline) за успешна имплементација на проектот на национално и европско ниво.

Работилницата претставува важен чекор во насока на зајакнување на партнерствата, унапредување на капацитетите на организациите и обезбедување координиран пристап кон реализацијата на проектните цели.